Дома Топ вести Арсенал почна преговори со Рубен Невеш

Арсенал почна преговори со Рубен Невеш

Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.

Португалецот е голема желба на тренерот Артета, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Арсенал веќе ги започна преговорите.

Интерес за Португалецот покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Јувентус, но Арсенал е во предност во моментов бидејќи подолго време преговара со неговиот агент Жорге Мендеш.

Португалецот ќе биде примарна цел на „топџиите“ на лето, а и самиот фудбалер е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…