Дома Фудбал Останато Арсенал му поставил ултиматум на Емери

Арсенал му поставил ултиматум на Емери

На Унаи Емери не му оди на клупата на Арсенал и поради тоа во последно време започнаа најави дека искусниот стратег ќе биде заменет.

Медиумите на Островот сега објавија дека Емери сепак добил шанса и му бил поставен ултиматум. Наводно, тој мора да ги поправи резултатите на клубот до Нова Година, во спротивно ќе му биде покажана излезната врата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емери добил прилика во следните четири натпревари на Арсенал да ги поправи резултатите и да покаже дека е способен да го води клубот. После репрезентативната пауза Арсенал го очекуваат натпревари со Саутемптон, Норвич, Брајтон и Вест Хем, овие екипи се добра прилика за Арсенал да ја подигне самодовербата посебно затоа што од Божиќ до Нова Година Арсенал го чекаат натпревари со Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Се пишува дека останувањето на Емери на клупата најмногу зависи од натпреварот со Манчестер Јунајтед кој се игра на првиот ден од 2020 година, ако после тој натпревар Арсенал е блиску до првите четири позиции тогаш Емери ќе остане до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…