Дома Трансфер зона Арсенал и Милан се борат за потписот на Боатенг

Арсенал и Милан се борат за потписот на Боатенг

Германскиот дефанзивец Жером Боатенг веќе подолго време е на излезна врата од Баерн Минхен, а трансферот конечно би требало да се реализира во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Боатенг веќе одамна нема место во првиот тим на Баерн и прашање е на време кога ќе си замине. 

Германецот се поврзуваше со трансфер во Арсенал, а сега италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент започнал преговори со Милан.

Милан е во потрага по искусен дефанзивец во зимскиот преоден рок, особено откако Калдара беше испратен на позајмица во Аталанта.

Баерн за слободата на Боатенг бара 5 милиони евра, па останува да видиме дали ќе се пресели во Милано или Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…