Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде.
Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Арсенал е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на тренерот Артета е токму Ренато Санчез.
„Топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и се спремни наскоро да испратат понуда од 40 милиони евра за потписот на Санчез.