Дома Фудбал Англија Арсен Венгер го спореди „непобедливот“ Арсенал со денешниот Манчестер Сити!

Арсен Венгер го спореди „непобедливот“ Арсенал со денешниот Манчестер Сити!

wenger

Meнаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во текот на конференцијата за медиуми пред натпреварот против Њукасл зборуваше и за лидерот Манчестер Сити, споредувајќи ја сегашната ситуацијата во таборот на „граѓаните“ и серијата непобедливост на „топџиите“.

Екипата на Пеп Гвардиола од стартот на сезоната испушти само два бода и е лидер во Премиер лигата со 49 бодови и гол разлика +41. Венгер во сезоната 2003/2004 со Арсенал не претрпе пораз во текот на целата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние немавме нафта, но имавме идеја, тие имаат и идеја и нафта. Секако мислам на парите кои ги вложуваат во клубот. На секој проект тоа му е потребно. Кога ќе го споите нивниот квалитет и парите кои ги имаат, ќе заклучите дека имаат се што потребно, од менаџмент, стручен штаб, играчи… Тоа не е лесно да се постигне и заслужува почит“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…