Лука Јовиќ последните шест месеци ги помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт и се врати во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот голгетер пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ за 60 милиони евра, но воопшто не ги оправда очекувањата.
Јовиќ не добиваше минутажа кај Зидан и беше испратен на позајмица, но работите за него нема да се променат ниту со новиот тренер.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Анчелоти нема да смета на него и му порачал на раководството да го стави на трансфер листа.
За него постои интерес од некои италијански и англиски клубови, но јасно е дека Реал нема да може да ја врати вложената сума за него.