Карло Анчелоти во натпреварот против Реал Мадрид и Осасуна, дојде до тренерот на Осасуна и му кажа дека ќе се видат во финалето. Таа прогноза се покажа и како точна откако Осасуна успеа да го елиминира Атлетик Билбао, а Реал се избори за финале против Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини откри дека Анчелоти по ждребот за финалето во Лигата на шампионите му се јавил и имал кратка порака.
„Ме побара по ждребот и ми кажа: Паоло, се гледаме во Истанбул, во ред?“, тврди Малдини.
За да се оствари оваа прогноза, Реал треба да го исфрли Челзи во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето да биде подобар од Манчестер Сити или Баерн.
Милан од друга страна го очекува четвртфинале против Наполи, а во второто четвртфинале се Бенфика и Интер.