Дома Фудбал Анчелоти: Азар треба да верува во себе

Анчелоти: Азар треба да верува во себе

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим нема да го потцени Шахтјор, иако во првиот меч во Украина победи со високи 5:0.

„Натпреваварот е од големо значење бидејќи пораз или победа ќе промени многу. Ако бидеме поразени после ќе мора сигурно да победиме во последните два меча. Сигурен сум дека тимот ќе даде се од себе за да ги освоиме трите бода“, изјави Анчелоти.

Потоа Италијанецот доби прашање дали проблемите на Азар можеби се од ментална природа.

„Азар тренира добро и му преостанува само една работа. Треба да има надеж, треба да верува дека ќе дојде неговиот момент. Треба да го следи примерот на својот соиграч Маријано Дијаз кој одигра одлично против Елче. Едноставно треба да верува во себе и да биде професионалец“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Челси го нападнаа својот голман: Бараат да биде веднаш продаден!

Челси ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, но натпрева…