Дома Трансфер зона Анте Ребиќ се враќа во Будеслигата

Анте Ребиќ се враќа во Будеслигата

Анте Ребиќ на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Милан и ќе се врати во Бундеслигата, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ се спремни да го продадат Ребиќ, кој игра лоша сезона и главно е на клупата за резерви.

Најсилен интерес за него покажува Волфсбург каде тренерот Нико Ковач одлично го познава и го сака во својот тим.

Милан го проценува Хрватот на 15 милиони евра, сума која Волфсбург е спремен да ја плати.

Тоа за Ребиќ ќе биде враќање во Бундеслигата бидејќи својата фудбалска афирмација ја доживеа во Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…