Дома Трансфер зона Андре Силва се сели во Монако за 30 милиони евра!

Андре Силва се сели во Монако за 30 милиони евра!

Италијанските медиуми потврдија дека Милан и Монако постигнале договор за трансфер на португалскиот напаѓач Андре Силва.

Клубот од „кнежевството“ е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Фалкао, а прва желба на тренерот беше токму Андре Силва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека двата клуба постигнале договор и Милан од продажбата на Андре Силва ќе инкасира точно 30 милиони евра.

Португалецот е во САД, но веќе се поздравил со соиграчите и најдоцна утре треба да пристигне во Франција на лекарски прегледи.

„Росонерите“ со продажбата на Андре Силва треба да го финансираат трансферот на Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, за кого се спремни да понудат 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…