Дома Фудбал Англија не и дозволи на Германија да тренира на „Вембли“

Англија не и дозволи на Германија да тренира на „Вембли“

Утре на Европското првенство ќе се сретнат Англија и Германија, а Англичаните не им дозволуваат на Германците да го одржат официјалниот тренинг на „Вембли“ пред дуелот.

Англија иако не блескаше, немаше некои посериозни проблеми во групата, Германија избори пласман во последните моменти од мечот со Унгарија во кој одигра 2:2.

Денес Германија треба да пристигне во Англија и да одржи тренинг 24 пред натпреварот, но Лондон ги одби. Германски „Билд“ одлуката да не им се дозволи да тренираат на „Вембли“ ја нарекува скандалозна.

И објаснувањето на Англичаните не е баш најубедливо, тие им одговориле дека не можат да тренираат затоа што се најавува дожд, па така тревата не би била во најдобра можна состојба за натпреварот во вторник.

Повеќе наликува дека ова е дел од „студената војна“ пред дуелот на двете репрезентации кои атакуваат на трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…