Дома Фудбал Англичаните се чудат поради начинот на кој во Белград се пишуваа имињата на играчите на Јунајтед (ФОТО)

Англичаните се чудат поради начинот на кој во Белград се пишуваа имињата на играчите на Јунајтед (ФОТО)

Манчестер Јунајтед вчера потешко од очекувањата го победи Партизан во Белград.

Англичаните запишаа минимална победа од 0:1, а единствениот гол за гостите беше дело на Марсијал.

За гостите од Англија чудна ситуација имаше и пред почетокот на натпреварот. Имено тие не се навикнати имињата на фудбалерите да бидат напишани онака како што се изговораат: Џонс (Jones), Рохо (Rojo), Мек Томинај (МcTominay)…

Вака изгледаше списокот на играчи на семафорот пред почетокот, а на Островот оваа фотографија се пренесува со наслови како: Никогаш претходно не сте виделе вакви имиња на играчите на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пандев го отвори патот кон ЕП: шест години од голот што ја смени историјата

Победата над Грузија останува пресвртница за македонскиот фудбал. Шест години подоцна, реп…