Денес селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери за стартот на квалификациите за Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонија во квалификацискиот циклус кој следи ќе одигра три натпревари: Романија (25. март), Лихтенштајн (28.март) и Германија (31 март). Со Лихтентшајн играме дома, а останатите два натпревари на гостински терен.
По објавувањето на списокот се огласи и Ангеловски.
„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“ изјави Ангеловски.
Списокот на повикани играчи можете да го погледнете – тука.