Дома Фудбал Англија Аморим: Не лажете, немам договор со Ливерпул

Аморим: Не лажете, немам договор со Ливерпул

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим демантираше дека има договор со Ливерпул за да седне на клупата на „црвените“.

Аморим е прв избор на Ливерпул за наследник на Клоп, а медиумите пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и дека е постигнат начелен договор.

„Не се сретнав со никого од Ливерпул, ниту пак имав интервју. Тоа не е точно. Јас сум тренер на Спортинг, сакам да победиме и само на тоа сум посветен. Престанете со ваквите лажни информации, последен пат ќе зборувам за иднината“, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…