Дома Фудбал Германија Аматерска грешка на Ван Бомел, Волфсбург пред исфрлање од германскиот куп

Аматерска грешка на Ван Бомел, Волфсбург пред исфрлање од германскиот куп

Волфсбург во неделата се пласираше во второто коло од германскиот куп откако после продолженија го победи четвртолигашот Пресен Мунстер со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на Мунстер поведе во 74. минута со голот на Марсело Хофмајер, а во последните моменти Јосип Брекало погоди за 1:1 и го однесе натпреварот во продолженија. Изненадување спречија Вегхорст во 103. минута и Боте Баку во 120.

Меѓутоа поради административна грешка Волфсбург може да биде исфрлен од купот. Тренерот Марк Ван Бомел направи три измени во регуларните 90 и уште три во продолженијата. Според правилата на натпреварувањето последната измена не смееше да се случи.

Судијата Кристијан Дигерт го истакнал тоа во својот извештај, а од тимот на Мунстер спремаат желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, …