Дома Фудбал Англија Алонсо: Јас сум против расизмот, но не клечам повеќе

Алонсо: Јас сум против расизмот, но не клечам повеќе

Играчот на Челзи, Маркос Алонсо престана да клечи пред натпревар бидејќи смета дека тоа полека ја губи силата против расизмот.

Алонсо смета дека е многу подобро да стои и со рака да покажува на натписот „Не за расизмот“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред почетокот на сезоната во Премиер лигата играчите на сите 20 клуба одлучија да продолжат да клечат пред натпревар како симбоил во борбата против расизмот.

„Се противам на расизамот и било каква форма на дискриминација, но попрво би покажал на знакот на кој пишува: „Нема место за расизмот“, како што прават фудбалери и други спортисти во разни земји. Да бидам јасен. Се противам на расизмот и ги почитувам сите. Дали мојата одлука да не клечам има врска со политика? Не знам, само сметам дека е подобро на друг начин да реагирам. Тоа е мојот начин на изразување на став“, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…