Дома Фудбал Англија Алкантара со емотивно писмо се збогува од Баерн

Алкантара со емотивно писмо се збогува од Баерн

Тиаго Алкантара денес треба да го комплетира трансферот во Ливерпул и после седум години го напушти Баерн Минхен.

Алкантара донесе одлука да не го продолжува договорот со Баварците и за 30 милиони евра се пресели на „Енфилд“, а  призна дека тоа било најтешката одлука во неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ја донесов најтешката одлука во мојата кариера. По седум години, одлучив да го затворам моето поглавје во Баерн. Минав многу прекрасни моменти, заедно освоивме се што може да се освои, воедно ги исполнив сите соништа како фудбалер. Во Баерн си најдов уште едно семејство покрај моето кое никогаш нема да го заборавам. Овој клуб засекогаш ќе остане во моето срце“, напиша Алкантара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…