Арменд Алими, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на Шкендија, е првото засилување за Работнички во зимскиот преоден рок. Искусниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и ќе биде големо засилување за тимот на Борче Христов во вториот дел од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Работнички тој треба да му донесе победнички менталитет, шампионски дух и потребното искуство, толку драгоцено за младиот состав на „романтичарите“.
„Чест ми е да го носам дресот на Работнички. Тоа е еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија и навистина не размислував премногу кога ја добив оваа понуда. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството и дека заедно ќе успееме да ги оствариме целите на клубот. Ќе се потрудам максимално да им го пренесам моето искуство на помладите фудбалери на Работнички и верувам дека напролет ќе бележиме успеси. Сакам на сите фанови на клубот и на сите останати во државата да им ги честитам празниците и да им посакам многу здравје, среќа и успеси во 2022 година“, изјави Арменд Алими.