Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Разочаран сум, за ситуацијата со Роналдо беше потребен ВАР

Алегри: Разочаран сум, за ситуацијата со Роналдо беше потребен ВАР

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри беше разочаран после црвениот картон за Кристијано Роналдо на натпреварот против Валенсија, но исто така беше горд на своите фудбалери кои остварија тешка победа.

Јуве со десет фудбалери успеа да победи на гостувањето кај Валенсија, а новинарите најмногу ги интересираше мислењето на Алегри за црвениот картон на Роналдо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Можам само да кажам дека ВАР ќе им помогнеше на судиите да донесат одлука. Да останете со десет играчи во ЛШ натпревар поради ваков инцидент е разочарување. Ризикувавме поради ова да го загубиме натпреварот, а исто така ќе ни недостига и во наредните натпревари.“ – изјави Алегри.

Да потсетиме, двата гола на овој натпревар за Јуве ги постигна Миралем Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…