Дома Топ вести Ал Сад не го дава Чави, во Шпанија тврдат дека е се договорено

Ал Сад не го дава Чави, во Шпанија тврдат дека е се договорено

Чави Ернандес треба да биде нов тренер на Барселона, но од неговиот сегашен клуб Ал Сад од Катар одбиваат да го ослободат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот од Катар и се закани на Барселона дека Чави има двегодишен договор со нив и за да го контактираат, ќе мора прво да имаа состанок со раководството.

„Во екот на многуте шпекулации што ги има во последните денови нашиот клуб, Ал Сад сака да порача дека Чави има актуелен договор со нас уште две години. Потполно е фокусиран на работата тука и целта е да се одбрани титулата во катарското првенство“, објавија од Ал Сад.

Во меѓувреме сите еминентни шпански медиуми утрово објавија дека договорот е постигнат и Чави следната недела ќе биде промовиран во нов тренер на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Блескави резерви ја израдуваа Швајцарија и ги расплакаа Босанците

Швајцарија ја совлада Босна и Херцеговина со 4:1 во европски дуел од групата “Б” на Мондиј…