Дома Македонски спорт Акција: Порачај го „мрме“ и залепи го на местото „северна“!

Акција: Порачај го „мрме“ и залепи го на местото „северна“!

Порталот „Оф.нет“ започна акција секој кој сака да добие сликичка од Мрме и да ја залепи на местото каде што пишува „северна“.

“Да испечатиме сликици со ликот на Мрме и да ги делиме наоколу.  Предлогот прифатен! Поради заштитена марка нема да може да биде Панини и да го има официјалното лого на ЕП 2020, ама сè друго е исто. Испечативме неколку илјади сликици со Мрме кои се пуштени по трафиките, а ако некој се занимава со дистрибуција и по другите места во Македонија и сака да учествува во оваа акција за покривање на грдотијата со човекот кој заслужил ликот да му стои до името на нашата татковина, нека ни пише на меил или на Фејсбук, ќе се договориме да му дадеме пачки и да ги подели“, порачуваат колегите од „Оф.нет“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Исто така потенцираат дека сликичката е бесплатна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…