Дома Топ вести Ако шеикот го купи Манчестер Јунајтед следува „револуција“ на Олд Трафорд

Ако шеикот го купи Манчестер Јунајтед следува „револуција“ на Олд Трафорд

Шеикот Хамад ал-Тани доколку успее да го купи Манчестер Јунајтед сака да започне револуција на „Олд Трафорд“ со доведување на новуи ѕвезди.

Катарецот ја испрати финалната понуда од 5.5 милијарди фунти, притоа тој обезбедил средства за реконструкција на „Олд Трафорд“ и големи инвестиции за засилувања на тимот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека на списокот се три големи ѕвезди и тоа Килијан Мбапе, Едуардо Камавинга и Квинсли Коман.

Мбапе не е задоволен во Париз, сака да ја промени средината, па Манчестер Јунајтед ќе му биде сериозна конкуренција на Реал Мадрид.

Коман неодамна го продолжи договорот со Баерн Минхен, но „црвените ѓаволи“ спремаат богата понуда.

Тен Хаг е голем симаптизер на Камавинга, кој одлично се вклопи во Реал Мадрид, но често игра на своја неприродна позиција.

Се тврди дека раководството од „Олд Трафорд“ е спремно да испрати понуда од 130 милиони евра за младиот Французин.

Реал ќе биде на сериозно искушение со оваа понуда, бидејќи со таа сума ќе може да го доведе Џуд Белингам, кој е најголема желба  на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…