Дома Фудбал Англија Ако сега Барселона не го добие Вилијан, тогаш нема никогаш

Ако сега Барселона не го добие Вилијан, тогаш нема никогаш

Барселона и летоска сакаше да го донесе Вилијан во своите редови, но Челси одби да го продаде и покрај богатите понуди.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сепак, шпекулациите за потенцијален трансфер на Вилијан на Ноу Камп никогаш не запреа, а сега се појавија гласини дека Барселона спрема нова понуда за 30-годишниот крилен играч.

Британски Дејли Мејл тврди дека Барса е спремна да понуди 55 милиони евра плус еден фудбалер, а тоа наводно е Малком.

Иако во минатото Челси ги одбиваше понудите за Вилијан, на Камп Ноу се надеваат на фактот што Бразилецот наскоро ќе наполни 31 година сепак ќе ги натера Сините на договор. Инаку, Вилијан има договор со Челси уште 18 месеци.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интересен податок: Конте ја има најлошата сезона во кариерата во Серија А

Италијанските медиуми денеска нагласуваат дека оваа сезона за тренерот на Наполи, Антонио …