Дома Фудбал Адеми: Ова е тежок пораз

Адеми: Ова е тежок пораз

АРИЈАН АДЕМИ го доведе Динамо во водство во натпреварот од 12. коло на Суперспорт ХНЛ против Горица, но на крајот хрватскиот шампион загуби со пресврт 1:2. Тоа е прва победа на Горица против Динамо во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ја честитам победата на Горица. Имаше добри работи, но џабе. Кога не победуваш, нема смисла да се зборува за тоа. Имавме многу шанси, но не постигнуваме доволно голови.

Ништо, главите горе, мораме да работиме, да почнеме да даваме голови“, рече тој.

Адеми по натпреварот додаде: „Се испостави дека овој пат играта отиде во друга насока, некаде не бевме доволно добри, а тоа е реализацијата. Требаше да постигнеме голови, вака не ни останува ништо друго освен да и честитаме на Горица“.

За Динамо следува Конференциска лига и пресметка со Пилсен.

„Мораме да продолжиме понатаму, да размислуваме за тој натпревар, но ова е тежок пораз. Имаме уште неколку дена да ги разбистриме главите, да дојдеме на себе и да бидеме вистински против Викторија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…