Дома Македонски спорт Адеми испишува историја: Тој е најтрофејниот играч во историјата на Динамо Загреб!

Адеми испишува историја: Тој е најтрофејниот играч во историјата на Динамо Загреб!

Aрјан Адеми низ годините прерасна во вистински предводник на Динамо Загреб со кој освои бројни трофеи.

Адеми испишува историја во Динамо, а со последната титула во првенството стана играчот со најмногу трофеи. Трофејот во првенството за Адеми беше 17-ти во дресот на „модрите“ и со тоа тој ги остави зад себе Михаел Микиќ и Томо Бутина кои имаат по 16.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изјава за хрватскиот „24сата“ Адеми призна дека е почестен што е капитен на Динамо.

„Кога ќе погледнам наназад и ќе видам кој се играл за овој клуб тоа е неверојатно. Имам привилегија да бидам капитен на еден ваков колектив, тука на „Максимир“ ми се исполни детскиот сон. Многу работи се променија освен една, Динамо е шампионски клуб и пример за сите на овие простори“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…