Дома Фудбал „Адеми е легенда на Динамо, најдобриот фудбалер со кого сум играл“

„Адеми е легенда на Динамо, најдобриот фудбалер со кого сум играл“

Aријан Адеми како што е важен за македонската репрезентација така е и од огромна важност во дресот на Динамо Загреб каде што е миленик на фановите.

Голем број соиграчи и поранешни фудбалери на Динамо често пати зборувале со пофални зборови за Адеми, а сега свој коментар даде и Комнен Андриќ, напаѓачот на Динамо Загреб.

„Немам никакви дилеми, Аријан Адеми е нашиот капитен и предводник на Динамо Загреб. Тој е убедливо најдобриот фудбалер со кого сум играл. Станува збор за фантастична личност и фудбалер од топ класа. Тој е легенда на Динамо Загреб“, истакна напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кина ја тргна Ла Лига од екраните: Извинувањата на Мбапе и Реал засега без ефект

Кинеската државна телевизија не емитуваше натпревари од шпанското првенство, а од дигиталн…