Дома Трансфер зона Агентот потврди: Милан има нов голман

Агентот потврди: Милан има нов голман

Тоа што го најави „Газета дело Спорт“ сега доби и потврда, Милан договори нов голман за следната сезона.

Станува збор за Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 15 милиони евра за неговиот потпис.

Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман. Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише ќе го официјализираат трансферот на Мањан.

Денес и менаџерот на францускиот голман потврди дека преговорите со Милан се во завршна фаза.

„Мајк ќе биде одлична замена за Донарума. Тој е одличен голман и сака да направи чекор напред во кариерата. Сметам дека Милан ќе биде одличен избор за него“, истакна агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …