Дома Фудбал Италија Агентот на Киелини: За да има договор, потребни се две страни

Агентот на Киелини: За да има договор, потребни се две страни

Џорџо Киелини беше еден од најзаслужните што Италија стана европски шампион, но во моментов е без клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Киелини се уште не го продолжил договорот со Јувентус, а неговиот агент Давиде Липи е спокоен дека ситуацијата ќе се реши наскоро.

„За да се потпише договор, потребни се две страни. Џорџо беше на ЕП и беше целосно фокусиран на репрезентацијата. Нема никаков проблем со Јувентус. Договорот беше да се сретнеме покасно ова лето, но се уште не сме се сретнале“, изјави Липи.

„Што ќе се случи ако дојде понуда од друг европски клуб? Во моментов нема таква понуда. Нашата цел е да почекаме Јувентус да донесе конечна одлука“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фергусон: Мурињо требаше да ме наследи, ми се јави на телефон и плачеше

Жозе Мурињо ги потврди долгогодишните гласини: во 2013 година се согласи да го наследи Сер…