Италијанските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цела на Јувентус ова лето ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерот Сари смета дека Жоржињо ќе биде идеален наследник на Миралем Пјаниќ, кој е на излезна врата од Јувентус.
Денес и агентот на италијанскиот репрезентативец ја отвори вратата за трансфер на неговиот клиент во Јувентус.
„Јувентус е еден од најголемите клубови во Европа и секој фудбалер би сака да игра таму. Сакам да потенцирам дека не сум бил во контакт со директорите на Јувентус. Жоржињо има договор уште 3 години, ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши сезоната“, изјави агентот Жоао Сантос.
Потоа беше запрашан дали Жоржињо би сакал да се пресели во Јувентус.
„Повторувам, Јувентус е еден од најголемите клубови и секој сака да игра во тој клуб“.