Новиот тренер на Челзи, Маурицио Сари не наиде на симпатии кај сопственикот Роман Абрамович поради своите стари навики.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанецот кој на „Стенфорд Бриџ“ дојде како замена за Антонио Конте ќе мора да го почитува „дрес кодот“ и на стадион да доаѓа во одело, а не како до сега во тренерки.
Притоа, ќе мора да се откаже од својот порок, а тоа е пушење на полувреме. Сари е страстен пушач и едвај се воздржува да не запали цигара и додека е на клупата, па ваквата одлука сигурно тешко ќе му падне.
Сари ќе мора да носи одело и на конференцијата за новинари, бидејќи Абрамович јасно порача дека мора да се почитува дрес-кодот.
