Дома Фудбал Ѕвезда на Сити „лудуваше“ на ноќна забава – потроши илјадници евра и честеше луѓе

Ѕвезда на Сити „лудуваше“ на ноќна забава – потроши илјадници евра и честеше луѓе

Англиските медиуми редовно го следат Џек Грилиш, бидејќи неговото присуство на ноќните излегувања е чест извор на вести. Иако неговите настапи оваа година во Манчестер Сити не донесоа ништо значајно, Грилиш повторно стана тема на медиумите, овој пат поради забава во Лондон.

Во понеделник, „Сан“ објави ексклузивни снимки од Грилиш како се забавува во ноќен клуб во западен Лондон. Откако одигра само три минути против Кристал Палас (5:2), заменувајќи го Матео Ковачиќ, следниот ден Грилиш бил во бар каде што потрошил шест илјади евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сведоци за „Сан“ изјавиле дека Грилиш бил во друштво на четири пријатели, опкружен со девојки, а имал и телохранител кој го надгледувал неговата маса. „Изгледаше како да ужива, беше сосема опуштен“, изјави еден од присутните. Снимките го покажуваат Грилиш како пее и забавува присутните, при што нема никакви непримерни однесувања.

Фото: Manchester City/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…