Не стивнуваат реакциите во светскиот тенис откако најдобриот тенисер на планетата Јаник Синер е суспендиран на три месеци бидејќи во март минатата година, за време на мастерсот во Индијан Велс, двапати бил позитивен на допинг тест.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се огласи и вториот тенисер на светот Александер Зверев, кој неодамна загуби од Синер во финалето на Австралија опен.
„Тоа е чудна ситуација бидејќи процесот беше долг и на почетокот го пуштија, но тогаш ВАДА сакаше да го прегледа. Ако ме прашувате, постојат две опции – не сте виновни и не добивате суспензија, бидејќи ако немате вина, тогаш ја немате. Но, ако сте виновни, мислам дека за земање стероиди три месеци не е суспензија“, рече Зверев и додаде:
„Мора да се утврди дали е негова вина или не. Ако не е, тогаш не би требало да биде казнет ниту три месеци. Но, ако е, тогаш ова е чуден начин.