Дома Фудбал Жоржињо заминува од Арсенал познато и каде ќе продолжи

Жоржињо заминува од Арсенал познато и каде ќе продолжи

Играчот од средината на Арсенал, Жоржињо, ќе го напушти Лондон на крајот од тековната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Жоржињо е меѓу играчите на Арсенал кои сигурно ќе го напуштат клубот на крајот од сезонава.

Тој има договор до 30 јуни, и иако Арсенал има опција да го продолжи до 2026 година, моментално нема назнаки дека тоа ќе се случи.

Попрецизно, станува сé поизвесно дека Жоржињо наскоро ќе потпише преддоговор со бразилскиот Фламенго, неговиот следен клуб.

Инаку, иако настапуваше за репрезентацијата на Италија, Жоржињо е роден во Бразил и неговата голема желба беше да игра и во својата земја.

Жоржињо живееше во Бразил до својата 15-та година, а потоа со своето семејство се пресели во Верона. 

Жоржињо има 33 години, во Арсенал одамна е резервист и свесен е дека летото е вистинскиот момент да оди во Бразил и да ја исполни својата голема желба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …