
Реал Мадрид ова сезона веројатно ќе остане без трофеј. Откако испадна од Лигата на шампионите, Кралевите беа поразени од Барселона во финалето на Купот на кралот, а Каталонците се многу поблиску до титулата шампиони на Шпанија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лошата сезона значи заминување на Карло Анчелоти од клупата на кралскиот клуб. Иако има уште една година договор, легендарниот Италијанец си оди на крајот на оваа сезона, а веќе се знае и каде ќе ја продолжи тренерската кариера.
Релево вечерва донесува ексклузивна вест дека 66-годишникот е новиот селектор на Бразил.
„Претставник на Фудбалската федерација на Бразил е во Севиља. Ќе разговара со Карло Анчелоти за да ги завршат деталите околу преземањето на оваа репрезентација. Договорот е постигнат”, објави Релево.
Фото: Принтскрин