Дома Ракомет Вртоглави цени на билетите за полуфиналето меѓу Хрватска и Франција

Вртоглави цени на билетите за полуфиналето меѓу Хрватска и Франција

Хрватска и Франција ќе ги одмерат силите во полуфиналето на Светското првенство за ракометари, а цените на билетите достигнуваат до неверојатни 1.500 евра.

Натпреварот е закажан за четврток во 21 часот, а спектаклот во ракометот ќе се одигра во Арената во Загреб. Сигурно дека салата ќе биде исполнета до последното место, но цените на билетите „беснеат“ како што се приближува дуелот.

Хрватска по драма ја елиминираше Унгарија и победи со 31:30, а херој на Хрватите беше Марин Шипиќ, кој постигна гол буквално во последните секунди.

Не помалку возбудливо беше и во пресметката помеѓу Французите и Египќаните. Лука Карабатиќ ја погоди мрежата на противникот исто така во последната секунда од половина терен и триумфираше со 34:33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Од последниот настап за Вардар до музејски експонат: дресот на Дибиров во Скопје

Капитенот Васил Гогов го предаде дресот од последниот вардаров натпревар на Тимур Дибиров.…