
Александар Волкановски повторно го запиша своето име во историјата на УФЦ, откако го совлада Диего Лопез со едногласна одлука на судиите и повторно се закити со шампионскиот појас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на мечот, борецот со македонско потекло добил тежок удар во левото око, што му предизвикало привремено губење на видот. И покрај тоа, тој не се откажа – напротив, продолжи храбро да се бори до крај.
„Во еден момент примив удар директно во окото и буквално не гледав ништо на тоа око. Се обидував да го вратам видот и полека почнав да гледам, иако заматено. Но, се снајдов, ја следев ситуацијата и го контролирав текот на борбата“, изјави Волкановски по мечот.
Фото: Принтскрин