Дома Фудбал Во Милан признаа: Ја промашивме сезоната!

Во Милан признаа: Ја промашивме сезоната!

Милан играше лошо вчера на “Олимпик”, без напаѓачки ритам, всушност, единствената добра шанса ја имаше Лука Јовиќ веќе во 4. минута од натпреварот, сè после тоа беше мачење.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот, победа на Болоња во финалето од Купот и заслужен пехар што го чекаа 51 година.

Џорџо Фурлани, директорот на Милан, изјави дека се направени грешки и дека е на клубот да ги исправи.

“Прво, сакам да честитам на Болоња за историскиот подвиг. Од друга страна, не можам да не кажам дека оваа сезона е промашување. Без оглед на победата во Супер Купот, сè уште сме далеку од она што го сакаме. Остануваат уште два натпревари да одиграме, ќе се обидеме сезоната да ја завршиме на најдобар можен начин иако сме предалеку од целта”, рече тој, а потоа се осврна на навивачите.

“Го делиме нивното разочарување. Морам да прифатам и како навивач, но и како директор, дека се направени грешки. Мораме напред, да ги исправиме и да се вратиме таму каде што треба да бидеме”, рече Фурлани.

Вчерашниот натпревар беше најдобар начин Милан да се најде во Европа следната сезона, а според се изгледа, ќе недостасува…

Воедно, Фурлани одбиваше да одговори на прашањата дали ќе има радикални потези летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…