
Натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој во петок ќе се одржи на стадионот БМО Филд во Торонто како дел од Светското првенство, веќе денови привлекува големо внимание и од јавноста и од тамошните медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Особена возбуда предизвикуваат проценките според кои на трибините може да се појават дури 30.000 навивачи на Босна и Херцеговина, што би значело неверојатна поддршка на гостински терен.
Капацитетот на БМО Филд за Светското првенство изнесува околу 45.000 места, па ако овие проценки се покажат точни, навивачите на Босна и Херцеговина би можеле да бидат повеќе на трибините.
Канадските медиуми не го кријат своето изненадување од ваквите најави.
“Доколку Босанците навистина доведат 30.000 навивачи, тоа ќе биде нешто невидено за еден домаќин на Светското првенство. Тешко е да се замисли дека домашната репрезентација има помала поддршка од гостинската. Тоа би претставувало голем срам за домашните навивачи”, пренесуваат некои од канадските медиуми.
