Дома Фудбал Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Импресивна статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лео Меси, висока 20 метри, беше отстранета во индискиот град Калкута, откако стручњаците заклучија дека претставува безбедносен ризик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Споменикот, поставен во декември минатата година во државата Западен Бенгал, привлече силен интерес од јавноста како дел од проект со наслов “GOAT” (Greatest Of All Time – Најголем на сите времиња), посветен на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Проблемите настанаа кон крајот на мај, кога локалните жители пријавија дека статуата значително се ниша за време на посилни ветрови. По направената инспекција од инженерите на Одделот за јавни работи (PWD), беше утврдено дека структурата е сериозно оштетена и претставува потенцијална опасност за минувачите.

“Констатирано е дека статуата на аргентинската фудбалска легенда не е безбедна. Вредно е да се забележи дека се ниша на ветер”, изјави пратеникот во парламенот на Западен Бенгал, Шарадвата Мукеџи.

Понатамошен проблем беше локацијата на статуата, која се наоѓаше покрај прометна улица и во близина на линијата на метро, па процесот на отстранување бараше посебни сигурносни мерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доменико Тедеско ќе води клуб од Серија А

Италијанскиот прволигаш Болоња, по разделбата со тренерот Винченцо Италијано објави дека т…