Јасно е дека со заедно со Килијан Мбапе и Џуд Белингем, Бразилецот Винисиус Жуниор е една од главните ѕвезди на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се повеќе во последно време се зборува дека Винисиус може да ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија, но како што стојат работите може да се случи и голем пресврт.
Огромен интерес за ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентативецот на Бразил покажа поранешниот европски шампион, а станува збор за екипата на Челси.
Понудата од Саудиска Арабија е присутна за Бразилецот и луѓето од таа лига сакаат што поскоро да го доведат.
Сепак, Винисиус одеднаш добива можност да ја продолжи кариерата во Премиер Лигата, и ако некогаш имал таква желба, сега може да ја исполни, тврдат новинарите на ТБР Фудбал.
Челси наводно е подготвен да испрати понуда на адреса на Реал Мадрид, но само во случај ако Бразилецот изрази дека сака да го напушти овој клуб.