Дома Фудбал Винисиус наскоро ќе стане сопственик на клуб во Португалија

Винисиус наскоро ќе стане сопственик на клуб во Португалија

Без разлика на тоа што е уште многу млад (24 години), Винисиус Жуниор одлучи да влезе во бизнис водите и да стане сопственик на фудбалски клуб.

Додека екипата на Реал Мадрид се подготвува за утрешното Ел Класико во финалето на Суперкупот на Шпанија, доаѓа интересна вест за Винисиус Жуниор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Кралскиот клуб одлучи да влезе во бизнис водите и да купи акции на фудбалски клуб во Португалија.

Како што објави „ЕСПН“, станува збор за Портимоненсе, тим што се натпреварува во вториот ранг на фудбалот во Португалија.

Во втората лига на Португалија играат и други тимови на Бенфика и Порто, а лигата брои вкупно 18 тимови.

Интересно е што претседателот на Портимоненсе исто така е Бразилец, Сампајо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …