Дома Фудбал Винисиус ги изненади Американците: Се појави со нова фризура (Фото)

Винисиус ги изненади Американците: Се појави со нова фризура (Фото)

Бразилскиот фудбалер Винициус отпатува во Мајами во Соединетите Американски Држави каде што ќе ги помине божиќните празници, а во оваа прилика проследи НФЛ натпревар и го покажа својот нов имиџ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Винисиус го пропушти последниот натпревар на Реал против Севиља (4:2) поради суспензија, а синоќа бразилскиот крилен играч го гледаше натпреварот на Мајами Делфинс против Сан Франциско Фортинајнерс.

Сепак, многу повеќе внимание привлече со промена на имиџот, па на Инстаграм стори го објави изгледот на својата нова фризура, каде што во прв план беа плетенките.

Се очекува дека Винисиус ќе се врати на тренинзите на Реал на 31 декември, нешто подоцна од неговите соиграчи.

Бразилецот и оваа сезона е одличен, бидејќи на 21 натпревар во сите натпреварувања постигна 14 голови и додаде 10 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Најлудата прослава на гол на СП: Селекторот на Еквадор наместо отказ испиша историја и ги сруши Германците

Фудбалската репрезентација на Еквадор ја совлада Германија со 2:1 и зачекори во нокаут фаз…