Дома Фудбал Винисиус би можел да ја прифати понудата од милијарда евра – позната е неговата замена во Реал Мадрид!?

Винисиус би можел да ја прифати понудата од милијарда евра – позната е неговата замена во Реал Мадрид!?

Винисиус тврди дека неговата иднина ја гледа во Реал Мадрид, но медиумите и фудбалските инсајдери тврдат дека не е невозможно Бразилецот во летните месеци да ја прифати неетичката понуда од Саудиска Арабија. Ако тоа се случи, Реал ќе мора да тргне по квалитетно напаѓачко решение, а прв избор ќе му биде Ерлинг Халанд. Ова го тврди Флоријан Плетенберг, инсајдер на „Sky Sports“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Разговорите помеѓу Саудијците и крилниот напаѓач на Реал и бразилската репрезентација траат од 2023 година. На нив учествуваше и тој, обиколен со луѓето кои се грижат за неговата кариера, а на средбите беа и најрелевантните личности од саудиската кралска куќа. Тие го уверуваа Винисиус дека неговата иднина кај нив не е само заради милионите, туку и заради улогата како амбасадор на Светското првенство, што во 2034 година ќе се одржи во Арабија.

Иако сè уште не е познато во кој клуб би играл Винисиус ако ја прифати понудата, познато е што може да добие ако одлучи да го напушти Реал и да го прифати повикот од Саудиска Арабија. На една од средбите присуствуваа и агенти на играчот, кои разговараа со Саад ал-Лазеез, потпретседател на саудиската лига. „Тој на маса стави неверојатни суми. Винисиус добива милијарда евра за пет години или 200 милиони евра по сезона“, извести „Марка“.

Фото: Real Madrid/FB

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Египет го објави списокот за Мундијалот, селекторот направи едно големо изненадување!

Тренерот на египетската репрезентација, Хосам Хасан, го претстави списокот на играчи за Св…