Вардарци полесно од очекувањата успеаа да слават во дуелот со екипата на Брест Мешков (33:24) и да се пласираат во големото финале на СЕХА-лигата. Повеќе од заслужен триумф за црвено-црните, со оглед дека во текот на целиот натпревар имаа предност, а истовремено не му дозволија ниту во еден момент на противникот да биде во позитива. Оваа победа изразена со голема разлика, ја направи Арпад Штербик, кој го заврши натпреварот со дури 19 успешни интервенции, со што заслужено е прогласен од страна на СЕХА, за играч на овој полуфинален дуел.

Погледнете само дел од неговите магични одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …