Тепачка на спортски натпревар во Штип. Наместо топка, играчите на терен си разменувале тупаници.

Инцидентот на кој учествувале речиси сите домашни и гостински играчи на теренот се случил на ракометниот натпревар меѓу екипите на Текстилец и Неготино. Нервите попуштиле во 44-та минута, кога настанала тепачката.

Засега не се соопштувата детали околу причините и околностите. Одговорите на тоа треба да ги дадат камерите кои во моментот ги прегледува полицијата. Повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Видео : ТВстар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …