
Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа неочекуван пораз на АТП турнирот во Виена, каде што во второто коло беше поразен од Корентин Муте со резултат 7:6, 6:4.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, повеќе од самиот резултат вниманието на јавноста го привлече однесувањето на Медведев, кој за време на тај-брејкот од првиот сетизгуби контрола и влезе во вербална расправија со главниот судија на мечот, Дамијан Марфи.
Сè започна откако судијата го опомена Медведев за забелешки, што предизвика бурна реакција на рускиот тенисер.
Видливо изнервиран, Медведев саркастично рече:
„Можеби би можел малку да ја употребиш својата интелигенција. Можеби некогаш би можел да го користиш својот мозок. Знам дека сега системот ја врши сета работа, но понекогаш користи го и својот мозок.“
Судијата се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека ја работи својата работа, на што Медведев дополнително возврати:
„Не, не ја работиш. За жал, не ја работиш. Или не се трудиш, или не можеш. Во моментов се наклонувам кон една од тие две опции, но нема да ти кажам која.“
Видеото можете да го погледнете ТУКА.