Дома Ракомет Верстајен: Македонија беше многу подобра од пред две години

Верстајен: Македонија беше многу подобра од пред две години

Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29. Светско првенство во ракомет.

Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии.

По натпреварот своја изјава даде и ракометарот Нилс Верстајен, кој ја пофали Македонија во однос на дуелот од пред две години.

„Пред две години победивме убедливо против Македонија на Светско првенство, но сега беа многу подобри.

Мора да се каже дека и ние се подготвуваме многу и заслужено победивме“, изјави Верстајен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар 1961 го освои Нант: Валах блескаше за голема гостинска победа!

Вардар 1961 славеше со 33-27 кај Нант за прва победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите.…