Дома Останати Кошарка Вембањама трагичар: Њујорк го искористи „подарокот“ за 2-0 во серијата (Видео)

Вембањама трагичар: Њујорк го искористи „подарокот“ за 2-0 во серијата (Видео)

Кошаркарите на Њујорк Никси поведоа со 2-0 во финалето на НБА лигата, бидејќи и во вториот натпревар ги победија Сан Антонио Спарси со резултат 105:104 и направија голем чекор кон шампионското прстенче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најефикасен во победничкиот тим беше Карл-Ентони Таунс со 21 поен, додека по 20 додадоа Џејлен Брансон и Микал Бриџис.

На другата страна блескаше Виктор Вембањама со 29 поени, додека Фокс постигна 20.

Никси за најголем дел од натпреварот го имаа контролата врз резултатот и изгледаше дека со сигурни чекори одат кон втората победа на гостинскиот терен.

Никси веднаш го зедоа подарокот од противникот, поентираа од слободниот удар, а потоа Вембањама го промаши шутот за победа и екипата од Њујорк дојде до големата победа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ја парализираше НБА-лигата

Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува во веројатно последната сезона од…