Дома Останати Кошарка Вембањама сака да игра за Франција на Евробаскетот

Вембањама сака да игра за Франција на Евробаскетот

Виктор Вембањама го потврди учеството на следното Европско првенство.

Така Евробаскетот ќе добие дополнителен квалитет, особено кога станува збор за репрезентацијата на Франција, која сега ќе биде еден од фаворитите за самиот врв.

Оваа информација ја потврди претседателот на Кошаркарската федерација на Франција, Жан-Пјер Хунклер, во интервју за „Ле Прогрес“. Тој изјави дека младиот суперталент го изложил својот став и дека ќе биде со репрезентацијата доколку нема проблеми со повредите.

„Ме увери дека ако нема физички проблеми, ќе биде тука за Франција на Евробаскетот. Вистинска среќа е што имаме млад човек со добро размислување кој ја има на ум кошарката во Франција и нејзиниот развој“, кажа тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…