
Вардар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување во редовите на „црвено-црните“ е младиот голман Даниел Диковски. Скопскиот клуб потврди дека со 19-годишниот чувар на мрежата е потпишан тригодишен договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Диковски доаѓа од Брера Струмица, каде што во изминатата сезона доби значајна минутажа во сениорската конкуренција. Настапи на 14 натпревари, а на четири од нив успеа да ја сочува својата мрежа недопрена.
Младиот голман е производ на школата на Македонија Ѓорче Петров, а зад себе има и настап за репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Со неговото доаѓање, Вардар дополнително ја засилува конкуренцијата меѓу стативите, каде што веќе се Давод Талевски и Методија Велковски. Диковски пристигнува како дел од реконструкцијата на голманската линија, откако клубот неодамна остана без услугите на Ведран Ќосевски.